Уставните судии ја одложија расправата за помилувањата на Иванов

Сподели

 

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка.

Решението со кое се поведува постапка за Законот за помилување, како што рече судијата Осман Кадриу, има допирни точки со некои денешни предмети кои се на разгледување пред Уставниот суд.

“Судот е известен дека пред Парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување” – изјави Кадриу.