Со натпреварот меѓу САД и Колумбија стартува 45-тото издание на Копа Америка, кое ќе се игра на 10 стадиони низ САД.
На шампионатот ќе учествуваат 16 репрезентации од Јужна Америка, Средна Америка и од Северна Америка.
Ќе има четири групи по четири репрезентации, а ова натпреварување се организира по повод 100-годишнината од првото натпреварување Копа Америка одржано во 1916 година.
Распоред на групите:
А група: САД, Колумбија, Костарика, Парагвај.
Б група: Бразил, Еквадор, Хаити, Перу.
Ц група: Мексико, Уругвај, Јамајка, Венецуела.
Д група: Аргентина, Чиле, Панама и Боливија.
Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во нокаут фазата.
Копа Америка 2016 за првпат се одржува надвор од државите од Јужна Америка.
The post Утре стартува 45-тото издание на Копа Америка во САД! appeared first on Спорти.
Source: Sporty