Утре во посета на Скопје доаѓа претседателот Штајнмајер – посебен режим на сообраќај

Сподели

 

На 29.11. и 30.11.2022 (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија.
 
Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
 
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.