Муслимани и група Евреи во Вашингтон заедно протестираа против нападите на израелските сили врз џамијата Ал-Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку десетици муслимани, на кои им се приклучи група Евреи, пред израелската амбасада во Вашингтон протестираа против нападите на џамијата Ал-Акса.
Групата муслимани пред амбасадата ја изврши молитвата во знак на протест против нападот и воведување на забрана во Ал-Акса.
Неколку Евреи, кои беа во близина, во знак на солидарност со муслиманите носеа транспаренти да го искажат незадоволство од израелските напади на Ал Акса.
Израелската полиција вчера ги отвори сите влезови на комплексот на Ал-Акса во Ерусалим.
Управата на џамијата Ал-Акса соопшти дека израелската полиција одлучи да ги отвори сите влезови а ги укина и старосните ограничувања кои беа воведени претходно.
Ерусалим е свето место за муслиманите, Евреите и христијаните, и џамијата Ал-Акса претставува трето најсвето местото на исламот во светот, по Мека и Медина во Саудиска Арабија.