Васко Наумовски, амбасадор на РМ во Вашингтон: Македонските државјани во Флорида, доколку има препорака или наредба за евакуација, да се евакуираат во најкус можен рок

Сподели

Амбасадорот на РМ во Вашингтон, Васко Наумовски, денеска преку својот фејсбук профил ги повика македонските државјани во Флорида, доколку има препорака или наредба за евакуација, да се евакуираат во најкус можен рок.

  1. Информација за македонските државјани во Флорида
  2. Ураганот “Ирма” се очекува да ја погоди сојузната држава Флорида веќе во сабота. Ги молиме сите македонски државјани кои живеат во регионите за кои е најавено дека ќе бидат најсилно погодени од ураганот да ги следат насоките на локалните власти, и доколку постои препорака или наредба за евакуација – да се евакуираат во најкраток можен рок. Откако ураганот ќе пристигне – екипите за помош нема да бидат во можност веднаш да ви помогнат.
  3. Доколку престојувате во засолништата управувани од FEMA или друга државна агенција, ве молиме известете ги надлежните во соодветното засолниште дека сте македонски државјани, со цел да добиеме конкретни податоци за вашата состојба.
  4. Телефонскиот број за итни случаи за ураганот “Ирма” е:
  5. 1-800-342-3557
  6. Со цел да го лоцирате најблиското засолниште до вашата местоположба, испратете смс порака со содржина “shelter” и вашиот поштенски број (zip code) на тел. број:
  7. 4-F-E-M-A or 4-3-3-6-2
  8. Повеќе информации за засолништата, подготовките, препораките, достапното сместување и последните проекции за движењето на ураганот може да се најдат на:
  9. Контакт телефонските броеви во македонската амбасада во Вашингтон се:
  10. 202-390-7418 (мобилен – 24 часа)
    202-667-0501 (фиксен /landline)