Денес во кампањата на ЈП Лајка и со помош на Ивана Кнез и даваме видливост на Рокси.
Рокси е куче кое е најдено заедно со уште 4 кучиња заврзани за дрво на напуштена нива, без храна и вода.
Со огромна среќа некој да ги забележи беа спасени од неизбежна смрт, во очајна состојба.
Рокси денес е вистинска убавица и бара дом каде што по можност ќе биде единствен миленик зашто не се сложува со сите кучиња, ќе има огромен двор за трчање, многу топчиња а за возврат ќе ви даде бескрајна љубов.
Како и сите наши кучиња така и Рокси е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити.
Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!