Вечерва во Кинотека “НЕ Е ЛОШО ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК” во режија на Душан Ковачевиќ

Сподели

 

НЕ Е ЛОШО ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК (Nije loše biti čovek / It’s not bad to be human)

КИНОТЕКА, 11 АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.18 АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

Игран филм, Србија / Хрватска 2021, 104 мин., колор, ДЦП

Режија: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević)

Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević)

Улоги: Војин Ќетковиќ, Бранка Катиќ, Христина Поповиќ, Гордан Кичиќ, Ненад Јездиќ (Vojin Ćetković, Branka Katić, Hristina Popović, Gordan Kičić, Nenad Jezdić)

Приказната на филмот ги следи случките од животот на професорот по клавир Милан (Ќетковиќ), кој останал без работа откако бил намален бројот на учениците во музичкото училиште каде што бил ангажиран. На пат кон дома, тој поминува низ паркот и среќава едно куче со кое создава посебен вид на пријателство.

Пред 5 години неговиот кум, популарниот поп-пејач Ранко Бели (Кичиќ), исчезнал под неразјаснети околности, па сега Милан решава да ја разреши мистеријата и да дознае што точно се случило со Ранко. Немајќи поддршка од семејството и околината, Милан се дружи со песот скитник. Приказната паралелно ги следи судбините на уште дваесетина ликови и начините на кои се преплетуваат нивните животи…

Легедарниот драмски писател Ковачевиќ, авторот на драмите „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Радован Трети“, е сценарист на филмовите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ (1980, во режија на Слободан Шијан), СОБИРЕН ЦЕНТАР (1989, Горан Марковиќ),ПОДЗЕМЈЕ (1995, Емир Кустурица), СВЕТИ ЃОРЃИ ЈА УБИВА ЛАМЈАТА (2009, Срѓан Драгоевиќ), а е сценарист и режисер на БАЛКАНСКИ ШПИОН (1984) и ПРОФЕСИОНАЛЕЦ (2003). Неговите филмови се многукратно наградувани, а НЕ Е ЛОШО ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК е негов прв филм по 18-годишна пауза.

Музиката во филмот е на композиторот Момчило Бајагиќ-Бајага, а актерско деби во филмот има популарната поп-пејачка Лена Ковачевиќ, ќерка на режисерот Душан Ковачевиќ.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари