ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ БРЕКСИТ

Сподели

Во повеќе британски градови денеска се планирани протести против излегувањето на Велика Британија од Европска Унија. Демонстрантите бараат да се паузира истапувањето и продолжување на блиски културни и економски врски со Европа.

Демонстрантите исто така бараат и владата повеќе да го консултира јавното мислење пред да ги почне преговорите. За денеска се планирани собири во Лондон, Единбург и Бирмингем. Се очекува на демонстрантите да им се придружат и политичари и познати личности од забавниот и културниот живот кои се против излегувањето на Британија од ЕУ.

Британија гласаше за напуштање на Унијата на референдум кон крајот на јуни, но почетокот на формалниот процес на излез не се очекува до крајот на годината.