Венециското биенале годинава ќе се одржува од 9 мај до 24 ноември. Куратор на годинашното издание на биеналето е Ралф Ругоф, кој ја утврди и генералната тема на манифестацијата: „Може да живееш во интересни времиња“. За претставувањето на проектот на Музејот на современата уметност, Министерството за култура издвои 4 милиони денари.
Национален претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција ќе биде проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља, соопшти Министерството за култура.