(ВИДЕО) 30 години од ужасот во Хамбург – Малато Мо беше незапирлива, а потоа фан на Граф ја нападна и ја уништи нејзината кариера!

Сподели

Loading

На денешен ден пред точно 30 години, на 30 април 1993 година, југословенската тенисерка Моника Селеш беше нападната и прободена со нож во четвртфиналниот натпревар на турнирот во Хамбург против Магдалена Малеева.

фото: Profimedia / EPA

Напаѓачот, Гинтер Пархе, навивач на ривалката Штефи Граф, истрча на теренот на паузата меѓу гејмовите и ја повреди тенисерката која беше незапирлива до тој момент во светскиот тенис.

Последица на тоа беше раната длабока четири сантиметри (можеше да биде и полоша) од која Моника Селеш се опорави, но психолошките проблеми предизвикани од овој напад никогаш не исчезнаа.

Таа до тој момент освои девет Грен слем титули, а само една после тоа. Оваа случка засекогаш ја промени историјата на женскиот тенис, а целиот свет беше во шок.

Мотивот за нападот на тогаш 19-годишната тенисерка беше желбата да се врати Штефи Граф на првото место, што доволно говори за лудилото на Пархе.

Пархе помина шест месеци во притвор чекајќи ја пресудата, а подоцна беше осуден на само две години условна казна со задолжително лекување, откако беше утврдено дека е психички нестабилен.

Моника Селеш е родена во Нови Сад на 2 декември 1973 година. Во 1990 година таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос во историјата, имаше само 16 години, а во кариерата освои десет Грен слем титули.

Селеш потоа зеде америчко државјанство во 1994 година, а по враќањето на теренот по нападот освои само една Грен слем титула.

Моника во кариерата има освоено 53 титули.

The post (ВИДЕО) 30 години од ужасот во Хамбург – Малато Мо беше незапирлива, а потоа фан на Граф ја нападна и ја уништи нејзината кариера! first appeared on .

Powered by WPeMatico