ВИДЕО: Беше жестоко уште на мерењето – Фјури и Вајлдер во спектаклот вечерва по трет пат ќе ги вкрстат ракавиците!

Сподели

На официјалното мерење ден пред почетокот на боксерскиот спектакл во Лас Вегас, избувнаа жестоки искри помеѓу Тајсон Фјури и Дионте Вајлдер.

На официјалната прес -конференција беа изречени остри зборови, тие се навредуваа како никогаш досега, се закануваа и правеа брутална увертира за она што нa очекува во недела околу 04 часот наутро во „градот на коцкањето и гревот“.

Страстите не стивнуваат ниту еден ден подоцна на официјалното мерење, каде што вагата го прикажа Фјури 125,6 килограми, дури 17,6 килограми повеќе отколку што во моментов има неговиот лут противник Вајлдер.

Тајсон собори рекорд во кариерата, барем кога станува збор за тежината, и ќе ја искористи оваа „разлика“ како негов најголем адут на натпреварот. Се разбира, покрај апстиненцијата за која опширно зборуваше претходните денови.

„Додадов неколку килограми за да не може да се потпре на мене и да ме турка исто како што ме победи во најлошата ноќ во мојата кариера“, вели Вајлдер, кој не се откажува така лесно и доби многу мускули од последната борба.

Фјури кон овие зборови го покажа средниот прст, а потоа се закани:

„Ќе те избришам, уништам и ќе те ставам во болница“, беше пораката.

Ова ќе биде трет натпревар за Фјури и Вајлдер, од кои првиот заврши нерешено во 2018 година, а во февруари минатата година Фјури ја освои титулата на ВБЦ со нокаут.

Погледнете што се случи на официјалното мерење….

The post ВИДЕО: Беше жестоко уште на мерењето – Фјури и Вајлдер во спектаклот вечерва по трет пат ќе ги вкрстат ракавиците! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico