Илјадници луѓе поминаа покрај и низ стадионот на Сантос каде со часови чекаа да се простат од легендарниот Пеле.
Ковчегот со телото на легендарниот Бразилец беше поставен во центарот на теренот, а сонародниците на еден од најголемите фудбалери на сите времиња чекаа неколку часа да му оддадат последна почит.
Во тажната атмосфера присутните сепак можеа да видат една интересна ситуација, откако пред стадионот се појави Никанор Рибеиро, човек кој 20 години е двојник на Пеле.
Веднаш се забележува неверојатната сличност, а Никанор се појави во дресот на Сантос.
Тој привлече големо внимание кај присутните, особено кај медиумските компании, снимателите и новинарите кои го опкружија и бараа изјава.
#Brésil: Nicanor Ribeiro, le sosie du Roi Pelé depuis 20 ans, est arrivé à la veillée funèbre de Vila Belmiro. Il affirme avoir rencontré à plusieurs reprises la légende du football de son vivant. #RipLegend #RIPPele #PeleEterno #PeleDeberiaSerEterno pic.twitter.com/AlmVcfje0L
— LSI AFRICA (@lsiafrica) January 2, 2023
“Патувавме заедно, тој секогаш беше добар со мене. Се запознавме на снимање реклами. Снимавме заедно речиси на секое Светско првенство, за жал тоа не беше можно на последното во Катар. Тој остави зад себе неверојатно наследство, многу ќе недостасува “, рече Рибеиро.
Наводно, Рибеиро пред да стане двојник на Пеле, имаше операција на очите во САД и мораше да се избричи. По излегувањето од болницата, многу Американци и Јапонци почнаа да трчаат по него, барајќи да се фотографираат извикувајќи „Пеле, Пеле! и така сфатил дека има сериозна сличност со познатиот фудбалер.
Да потсетиме, фудбалерот почина на 29 декември на 83-годишна возраст, а на 3 јануари беше погребан недалеку од стадионот на кој го мина најголемиот дел од својата богата кариера.
Ковчегот со неговото тело мина низ улиците на градот на патот до највисоките гробишта во светот.
The post (ВИДЕО) Бизарна ситуација на погребот на Пеле – Се појави неговиот двојник и направи хаос! first appeared on .
Powered by WPeMatico