ВИДЕО: Хрватите го добија својот Дончиќ – Има 11 години и исто се вика Лука!

Сподели
 

 

Хрватска (пре)долго има проблем на плејмејкерската позиција, па ветеранот Роко Лени Укиќ и на 37-годишна возраст се уште е најдоброто што може да го понуди на позицијата организатор на играта.

фото: MN PRESS/PROFIMEDIA/TWITTER/TURKMARKOO/SCREENSHOT

Затоа посегнаа дури и по натурализација на Американците, се сеќаваме на примерот на Донтеј Дрејпер, додека во последно време се споменуваат уште двајца кои би можеле да тргнат по неговите стапки.

Сепак, добрата вест доаѓа од семејството Укиќ, бидејќи синот на познатиот кошаркар е на пат да тргне по стапките на својот татко.

Додека одличниот Роко го предводи Сплит во хрватскиот шампионат, за тоа време неговиот син Лука (11) блеска во помладите категории на истиот клуб и се чини дека собрал многу „финти“ од својот татко.

Словенечкиот скаут Марко Турк сподели компилација од потези на младиот кошаркар роден 2010 година, што покажува дека има чувство потребно за плејмејкер.

Има одлични додавања, преглед на играта, одлично ја контролира топката, знае да дрибла, а пред се физичките карактеристики не му се лоши.

Затоа скаутот додава дека е „уникатен на таа возраст и последен пат е виден кај друг Лука“. Јасно е, алудира на сега веќе големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ!

Сепак, треба да се почека, Лука Укиќ се уште е далеку од професионалната кариера и многу работи мора да се поклопат за најпрвин да го достигне нивото на неговиот татко…

Потезите од овој меч беа доволни Хрватска конечно да здивне затоа што се на пат до плејмејкер она што го бараа сите овие години.

The post ВИДЕО: Хрватите го добија својот Дончиќ – Има 11 години и исто се вика Лука! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico