(Видео) Кој чека ќе дочека – Ливерпул по 30 години шампион на Англија!

Сподели

Цели 30 години поминаа од последната шампионска титула на Ливерпул во Англиската Премиер лига.

На чекањето му дојде крајот, вечерва ,,Црвените,, од Ливерпул има што да слават.

Тие се новите шампиони на Англија, откако Лампард и Челзи го победија главниот конкурент на Ливерпул оваа сезона веќе поранешниот шампион Манчестер Сити.

Четата на Лампард славеше со 2-1 на Стемфорд Бриџ, па така по 30 години Ливерпул и официјално е новиот првак. Ова за Ливерпул е 19-та титула во Англија.

Така Ливерпул по ланската титула во Лигата на шампионите, оваа година се закити со уште еден трофеј трофејот во домашното првенство кој навивачите толку долго го очекуваа.

Мисијата на тренерот Јурген Клоп конечно се исполни, ги освои највредните трофеи во фудбалот со Ливерпул во својата 5-та сезона на тренерската клупа.

Па така славјето кај „црвените“ може да започне….

The post (Видео) Кој чека ќе дочека – Ливерпул по 30 години шампион на Англија! appeared first on .

Powered by WPeMatico