ВИДЕО: Најголемиот на сите времиња во кошарката наполни 59 години – Среќен роденден легендо!

Сподели

На 17-ти февруари 1963 година пред точно 59 години роден е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Ер Џордан.

НБА лигата не беше повеќе иста откако Џордан во 1984 се појави на драфтот и на терените во лигата и беше најзаслужен за нејзина популација ширум светот.

Тој е роден во Бруклин, Њујорк и од рана младост покажувал победнички дух и желба за напредок, а во 1981 година се запиша на колеџ во Северна Каролина и станува значаен член на кошаркарскиот тим.

Џордан со Каролина ја освои НЦАА титулата, а токму тој беше стрелец на победничкиот кош.

Во наредните 2 години ја освојуваше титулата за играч на годината во НЦАА лигата, а во третата година одлучи да се испроба во НБА лигата.

michael-jordan2

Беше избран од страна на Чикаго Булс како трет пик на еден од најаките драфтови во историјата на НБА, на истиот беа и Хаким Олајџувон, Сем Боуви, Чарлс Баркли и Џон Стоктон, а истата година беше Олимпијадата во Лос Анџелес, на која настапи и Џордан за САД и го освои златниот медал.

Во првата година го однесе Чикаго Булс до плејоф разигрувањето, имаше просек од 28 поени, беше прогласен за дебитант или руки на годината и беше избран за Ол стар натпреварот.

Мајкл стана првиот играч кој по Вилт Чемберлејн успеа да постигне повеќе од 3000 поени во една сезона, а во 1988 година ја освои првата МВП титула, која ја освојуваше уште четири пари во својата богата кариера.

Булси со него во 1990 година играа финале на Истокот, а веќе наредната година стигна шампионската титула по триумфот над Лос Анџелес Лејкерс.

Чикаго ја одбрани титулата и во наредните две сезони и така ја потврдија доминацијата, а потоа следеше повлекување на Џордан од кошарката поради смртта на неговиот татко Џејмс, кој беше застрелан од двајца тинејџери за време на грабеж, а во тие години кога беше надвор од НБА се занимаваше со бејзбол.

michael-jordan3

Летачкиот Џордан се врати по година ипол назад на својата љубов кошаркарката и тоа на голема врата каде со Чикаго освои уште три титули по ред, а од тоа време останаа запаметени дуелите против Карл Мелоун, Џон Стоктон.

Следеше уште едно повлекување и уште едно враќање во 2001 година, но овојпат во дресот на Вашингтон каде играше во наредните две сезони, за да во 2003 и официјално се повлече од кошарката.

Мајкл Џордан ќе остане запаметен по одличната игра на низок пост, одличната одбрана и превземање на одговорноста во најважните моменти, а просечно во својата кариера бележеше 30.1 поен по натпревар, 6.2 скокови, 5.3 асистенции и 2.3 украдени топки.

Неговата легендарна изјава ќе остане запаметена:

„Промашив повеќе од 9000 шутеви во кариерата, изгубив скоро 300 натпревари, 26 пати шутирав за победа, но промашував, а во животот безброј пати имав падови и баш поради нив и успеав“.

Со Џордан често се споредуваат некои нови деца, но јасно е дека уште долго никој нема да може да го надмине сето она што оваа легенда го направи за кошарката, како и за нејзината популација ширум светот.

Уживајте во неговите најдобри потези од неговата пребогата кошаркарска кариера…

The post ВИДЕО: Најголемиот на сите времиња во кошарката наполни 59 години – Среќен роденден легендо! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico