(ВИДЕО) Ова е неверојатното промашување на играчот кој Ливерпул го плати 100 милиони евра!

Сподели

Loading

Ливерпул за малку ќе претрпеше шокантен пораз во претпоследниот натпревар од 11. коло на англиската Премиер лига.

Избраниците на Јирген Клоп ремизираа 1:1 на гостувањето кај дебитантот Лутон. Голот за Лутон го постигна Тахич Чонг во 80. минута од натпреварот.

Конечните 1:1 ги постави Луис Дијаз во 95. минута.

Сепак, најозборуван по натпреварот е моментот од 71. минута. Тогаш Дарвин Нуњез пропушти прекрасна можност да му донесе водство на Ливерпул.

Тој се најде со топката на само неколку метри од празниот простор на голот на Лутон, но не успеа да постигне гол. Во неверување ги остави соиграчите.

Погледнете го промашувањето ТУКА.

Последниот натпревар од колото се игра во понеделник од 21 часот меѓу Тотенхем и Челзи.

Лутон со ова реми стигна до шест бода сезонава и со тоа скокна на 17. место, првото место над зоната за испаѓање.

Ливерпул, пак, скокна на третото место со 24 бода, три помалку од водечкиот Манчестер Сити, но и два помалку од Тотенхем, кој го игра својот натпревар утре.

The post (ВИДЕО) Ова е неверојатното промашување на играчот кој Ливерпул го плати 100 милиони евра! first appeared on .

The post (ВИДЕО) Ова е неверојатното промашување на играчот кој Ливерпул го плати 100 милиони евра! appeared first on .

Powered by WPeMatico