Голманот на кралскиот клуб е најзаслужен за освојувањето на 14-тата европска титула во историјата на Реал Мадрид.
Фудбалерите на Реал Мадрид станаа шампиони во Лигата на шампионите, откако во големото финале го совладаа Ливерпул со 1:0.
Јунак на триумфот на Мадрид беше феноменалниот Белгиец Тибо Куртоа, кој правеше чуда меѓу стативите на овој меч.
Куртоа бранеше се што одеше кон неговиот гол и стана рекордер во Лигата на шампионите со 59 одбрани во една сезона од ова натпреварување.
Тој постави нов рекорд и во финалето на Лигата на шампионите со девет одбрани против Ливерпул.
На Тибо му успеа нешто што на многумина не им успеа оваа сезона – да ја зачува мрежата против моќниот тим на Јирген Клоп.
Беше непобедлив на овој натпревар. Ги излуде Салах, Арнолд, Жота, Мане и неговиот тим …
The post (ВИДЕО) Овој човек е октопод – Постави нов рекорд во ЛШ и стана единствен во историјата! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico