Мајк Тајсон моментално минува низ тешки времиња и стравови за својот живот, но во текот на осумдесеттите и деведесеттите живеел многу брзо и луксузно.
Во кариерата заработил преку 300 милиони долари, а еден од најдобрите боксери во историјата имаше многу куќи. Една од нив беше во Охајо.
Таму во текот на осумдесетите специјално за него беше изграден објект од 13.500 квадратни метри, а веднаш до неа била луксузната вила на неговиот агент и промотор, познатиот Дон Кинг. Меѓутоа, таа палата сега е целосно напуштена веќе две децении!
Дворецот што тој го изградил имал када чија изградба чинела 2.000.000 долари, а во пет соби биле поставени кристални лустери.
Секоја соба имаше своја кујна, а базенот пред куќата беше поголем од просечна куќа во тоа време во САД.
Токму во таа вила Тајсон чувал тигар кој го купил за да му биде домашно милениче, а за да го усогласи ентериерот со неговиот егзотичен миленик, имал шари на зебри насекаде по подовите.
Во вилата имало флуоресцентни светла, а тука живеел до 26 март 1992 година, кога бил осуден на шест години затвор за сексуален напад.
Погледнете како денес изгледа оваа напуштена вила:
На 25-годишна возраст, Тајсон беше зад решетки и помина три години во затвор, но подоцна мораше повторно да оди во затвор поради сообраќајна несреќа во 1998 година.
По сообраќајната несреќа нападнал двајца моторџии, а по сето тоа Тајсон западнал во големи финансиски проблеми.
Не успеал да ја продаде вилата кога морал да прогласи банкрот во 2003 година и оттогаш вилата е напуштена!
Во еден момент во 2010 година, бизнисменот Пол Монео ја купил оваа палата за 1.3 милиони долари, но никогаш не живеел во Њу Џерси бидејќи набрзо бил осуден за перење пари и измама и морал да оди во затвор.
Вилата и денес е напуштена поради повеќе причини. Како прво, таа е преголема за да биде некому интересна, а од друга страна, Охајо не е локација за која богатите се спремни да издвојат многу пари.
The post (ВИДЕО) Палатата на Мајк Тајсон е непрепознатлива, стана куќа на стравот и ужасот и се распаѓа! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico