Неверојатни сцени се случија на еден натпревар од бугарското елитно натпреварување.
Второто коло во бугарската Прва лига го одбележа голем инцидент на натпреварот помеѓу Пирин и ЦСКА 1948. Имено, на вториот тим му беше досуден пенал во 95. минута од натпреварот кој го реализираше за израмнување на 1:1.
И тогаш речиси сите присутни на стадионот беа бесни на оваа судиска одлука, а една група навивачи се обиде да ја скрши заштитната ограда и да истрча на теренот, додека играчите го опколија судијата со намера да го убедат во спротивното.
Сепак, се успеа да помине без поголема ескалација. Барем до моментот кога судијата од другата страна пропушти можност да досуди уште еден пенал, овојпат за домашните.
Тие повторно реагираа бурно, што ја принуди полицијата да истрча на терен за да спречи евентуална појава на насилство.
The post (ВИДЕО) Само во Бугарија – Судијата за влакно избегна физички линч! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico