Како што се наближува крајот на сезоната во Формула 1, се поочигледно е дека Мик Шумахер (23) не ги наследил гените на својот татко Михаел Шумахер.
Младиот Шумахер беше толку разочарувачки што прашање е дали за него ќе има место во некој тим за следната сезона. А мрачните вести за семејството Шумахер доаѓаат од Хаас.
Мик сезонава возеше за Хас, а сопственикот на тимот Џин Хас дефинитивно нема да му понуди нов договор, бидејќи Мик Шумахер минатата сезона беше најголемиот штетник во Формула 1, а оваа година е на добар пат да го надмине својот неславен рекорд.
Минатата сезона Шумахер во сообраќајни несреќи на патеката урна болиди вредни 4.212.500 милиони евра.
„Овој спорт едноставно не ви дозволува да бидете возач дебитант. Едноставно е прескап за секого. Ако направите некоја грешка во изборот на возачот, стратегијата, дури и изборот на гуми, тоа ќе ве чини неколку милиони долари. Ние сме еден таков пример Мислам дека Мик има многу потенцијал. Но тој досега не чинеше цело богатство затоа што удри премногу коли кои нè чинеа многу пари кои едноставно ги немаме. Барем да освоеше повеќе поени. Затоа што ако си Макс Верстапен и уништуваш коли, ние ќе го решиме. Но, ако секогаш си позади и уништуваш коли, тогаш тоа е голем проблем“, се пожали Жан Хас и во исто време му испрати јасна порака на Мик Шумахер.
Проблем за малиот Шумахер е фактот што уште во почетокот на сезоната Ферари се откажа од него и го исклучи од програмата за развој на млад возач.
Засега ниту еден тим не е заинтересиран за неговите услуги следната сезона, бидејќи на 19 трки освои само 12 бода и се наоѓа на 16-тото место во поредокот кај возачите.
Red Flag
Mick Schumacher has a heavy hit at Turn 12. #SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/12lBHlXRex
— TSN (@TSN_Sports) March 26, 2022
The post (ВИДЕО) Шумахер во големи проблеми – Синот на славниот шампион можеби повеќе нема да вози во Формула1! first appeared on Спорти.
Powered by WPeMatico