(ВИДЕО) За Ливерпул играше осум сезони, а сега ги тресе мрежите за клуб од осмата лига!

Сподели

Loading

Поранешниот стопер на Ливерпул, Мартин Шкртел на 39 години настапува за својот прв клуб во словачката осма лига.

фото: Printscreen

Шкртел минатото лето одлучи да се пресели од Спартак Трнава во Хаискала Разточно, каде ја започна фудбалската кариера.

Во селото Разточно бројни навивачи доаѓаат од викенд во викенд да го гледаат поранешниот словачки репрезентативец и играч кој за Ливерпул одигра 320 натпревари во осум сезони.

фото: Getty Images

Шкртел им одговори на навивачите со одличен гол од слободен удар против Бојнице во првенствениот натпревар, кој Разточно сепак го загуби со 2:1.

Тоа беше негов осми гол сезонава. Шкртел со клубот на младоста се бори за титулата шампион во осмата лига, а заостануваат пет бода од водечките Недожери-Брезани.

The post (ВИДЕО) За Ливерпул играше осум сезони, а сега ги тресе мрежите за клуб од осмата лига! first appeared on .

Powered by WPeMatico