„Викиликс“ објави околу 300.000 документи од турската владејачка партија

Сподели

1_5600172aab0c9-860x680

„Викиликс“, и покрај вчерашниот голем хакерски напад, вечерва објави околу 300.000 електронски пораки од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и илјадници документи поврзани со отпуштањата во земјата кои се одговор за обидот за државниот удар извршен минатиот петок.

Околу 294,548 електронски пораки од партијата на претседателот Реџеп Таип Редоган беа вечерва објавени.

„Викиликс го помести закажаното објавување на документите како одговор на владините отпуштања после пучот“, напиша „Викиликс“.

Свиркачкиот сајт, кој истакна дека не е ниту про, ниту антивладино настроен, туку во потрага по вистината, наведува дека ги верификувале материјалите и изворите, кои на ниту еден начин не се поврзани со елемтите кои стојат зад обидот за пуч, ниту со ривалските политички партии или државата.

Untitled

 

Сајтот наведува дека ова е само првиот дел од илјадините документи кои ги поседуваат и ќе ги објават.

Сите електронски пораки се од „akparti.org.tr“, главниот домеин на главната политичка сила во земјата, а се однесуваат на периот од 2010 до 6 јули 2016 година, една недела пред државниот удар.

„Треба да се истакне дека електронските пораки поврзани со домеинот претежно се користени за справување со светот, за разлика од најсензитивните внатрешни работи“, наведува сајтот.

Пред објавувањето, „Викиликс“ претрпе „значителен напад“, откако соопшти дека турските владини сили ќе се обидат да го спречат објавувањето на материјалите од АКП.

Од сајтот наведуваат дека нападите продолжуваат и оти интернет корисниците се соочуваат со потешкотии при пристапувањето кон материјалите. Сепак, „Викиликс“ истакна дека „победуваат“ во борбата со хакерите.

200000000000

 

Претхоно, непрофитабилната организација побара поддршка од јавноста за споделување на информациите, односно да им помогнат на Турците, преку заобиколување на системот за цензорирање да пристапат до материјалите.

Турските власти, по државниот удар вршат хајката против лицата кои не се нивни истомисленици. Според последните податоци, неколку илјади лица се притворени, а повеќе од 49.000 лица добија откази.