Вилијам Стенли Мервин – ЛЕТАЈ

Сподели

Mervin

Летај

Бев суров кон дебелиот гулаб
Оти не сакаше да лета
Туку само да живее како старец

Се претвори во дртина валкана
И самоуверена и дива по храна
Го тепаше мачорот на ѓубриштето
Незаинтересиран за голубицата
Постојано мрсулав околу клунот
Смрдеше се гегаше
И требаше да се носи низ скалите
За ноќе да заспие

Летај реков фрлајќи го во воздух
Но тој ќе плеснеше и ќе притрчаше
Очекувајќи храна
Го реков истото и го фрлав одново
Но тој беше сè полош и полош
И секој пат
Требаше некој да го подигне
Додека не го пронајдов во голубарникот
Цркнат од излишните напори

Значи таков сум јас

Размислувам за неговото око
Коешто не можеше да сфати
Дека сум суштество
Од кое требало да бега

Од мене којшто отсекогаш
Премногу верував во зборовите