Традиционално по 14. пат, во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал Skopje Wine Expo, од 26 до 28. септември.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, деликатеси и богата музичка програма.
На платото пред МОБ (Плоштад „Мајка Тереза“) настапуваат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, Тропико Бенд, Слаткаристика, Ареа, Тоше Проески Трибјут ( Александра Јанева и Марко Логаут), Ареа, Нокаут, Криско и Графа од Бугарија, Либеро Бенд и многу други.
На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и after work забави кои ќе започнуваат од 18:00.
Skopje Wine Expo е под покровителство на град Скопје.