Кога во септември лани го прашале Мicah Zenko (соработник во Центарот за превентивно дејствување при СНО на САД и автор на публикацијата „Закани и војна“), што најмногу го загрижува? Toj одговорл: „Многу заразен вирус што ќе почне негде во Кина и кој брзо ќе се прошири“- пренесува „Foreign Policy”. Неодамно „Foks News“ објави дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, и тоа не како биолошко оружје, туку како дел од обидот на Кина да покаже дека нивните достигнувања во борбата против вируси се поголеми од можностите на САД.
Професорот Еdvard Holmes, од Универзитетот во Сиднеј, коавтор на студијата „Nature“ што го истражувал потеклото на вирусот по неговиот геном, вели дека е неизвесно зошто вирусот стана толку агресивен и дека за тоа ќе треба години истражување. Едни ананализи направени од првите пациенти со Ковид-19 објавени во ревијата „The Lancet“ вели дека заразата потекнува од пазарот на Вухан. Таму во тотално нехигиенски услови се продава месо од секакви животни вклучително и од стаорци, змии, панголини итн. Познатиот имунолог Stanley Perlman, за „Gardian Australia“ мисли дека веројатно некое посредно животно морало да го пренел вирусот од лилјаците до човекот.
Од друга страна францускиот виролог Luc Montagne, нобеловец за откривањето на ХИВ вирусот, смета дека новиот коронавирус не е од природно потекло и дека веројатно бил развиен во лабораторија. За италијански виролог Roberto Burioni, нема дилеми дека „вирусот е од лабораторија“. Во прилог на ваквите тврдења се и анализите во списанието „ANSAit“, каде што стои дека уште од 2015 година кинеските научници во напорите да изнајдат лек за САРС создавале супервирус од лилјаци и глувци. Тоа наводно е правено само за научни потреби, но има многу полемики околу тоа. Поголемиот дел од научниците мислат дека супервирусот што создал светска катастрофа излегол од некаде поради недоволно безбедносни мерки во лаборатотијата на Вухан! Во прилог на вакви тврдења е и фактот што во јануари 2018 година, американската амбасада во Пекинг преземала повеќекратни чекори барајќи испраќање американски дипломати и научници во инситутот за вирологија во Вухан.
Дека вирусот „избегал“ од лабораторијата, тврди и Dani Shoham поранешен израелски eксперт за воено разузнавање и специјалист за биолошки оружја. Но тој исто така за “Vashington Times” изјавил дека епидемијата од овој вирус може да се поврзе со тајната кинеска програма за производство на биолошко оружје.
Но, бројни научници сметаат дека зад појава на заразни болести како што е и Covid-19, виновен е токму човекот и неговото константно уништување на животната средина. До пред еден век се сметаше дека прашумите треба да се недопрена природа што изобилуваат со егзотичен животински и растителен свет, но потоа тие на кои алчноста им стана прв сојузник почнаа да ги уништуваат. Aлчноста кај човекот немилосрдно ги уништува екосистемите, па оттука и инвазија од бесни вируси. „Улогата на вирусите е многу важна во одржувањето на животната рамнотежа на планетата“ – велат Patrick Forterre (некогашен шеф на Пастер-институтот) и Morgan Gaïa (истражувач за ко-еволуција меѓу вирусите и клетките во Génoscope – CEA). Тие велат дека низ еволуцијата можеби токму вирусите стојат зад ДНК-та! Новата наука работи на тоа како со помош на вирусите да се уништуваат опасни патогени бактерии резистентни на антибиотици. Значи вирусите се дел од нормалната природа и важен фактор на екосистемот, но штом ќе го нарушите природниот баланс тој може да еволуира во опасна форма. Штом ја оштетувате средината (преку урбанизација, загадување, уништување на шумите и сл.), вирусите ќе мораат да се приспособуваат. „Замислите да ги уништите животните во шумата, тогаш веројтно дивите ѕверови ќе ви дојдат по градовте“ – заклучуваат авторите. А рускиот биолог Кирил Шаршов го поврзува сегашниот вирус со глобалното затоплување и со топењето на мразот на Арктикот, поради кое се одмрзнувале многу опасни вируси.
Како и да е, факт е дека „Ковид-19“ ни укажа дека поради енормното загадување луѓето не можеле да ги видат Хималаите. Тие јасно не подучија како да оздрави и озонската обвивка. Седум милијарди луѓе кои често поддржуваат хедонисти и алчни политичари, сега мора да учат од еден прост микроорганизам за кој науката сеуште спори дали е живо суштетство или совршена материја! И во иднина на светот ќе му се закануваат пандемии и други тешки пореметувања кои можат да создадат општ хаос! Од ООН веќе алармираат на масовен глад од „библиски размери“. Шефот на програмата за храна (WFP) Дејвид Бесли изјавил дека итно е потребна мобилизација за да се избегне катастрофата. Човештвото ако сака да опстане ќе мора да се смени радикално. Ако пребогатите на светот на ја научат лекцијата од оваа Корона, некој иден мутиран вирус сите ќе не уништи. За жал, во светот рапидно расте атеизмот оти религијата ја губи битката пред технологијата. Бројни атеисти мислат дека имаат само еден живот и тој максимално треба да се живее. А религијата проповеда вечен живот и “блиску до прирадата, блиски до Бога“. Башка што во денешно време водачи станаа и опасно неизлечиви нарцисоиди кои се неспособни за емпатија и разум. Па ќе ви препорачуваат шприцање на детергент во организмот! Освен тоа денес во светот има неколку големи лаборатории кај што се чуваат најопасни вируси и бактерии. Замислите некој шизофрен политичар или биолошки-терорист да воспостави контрола или пристап над „Острвот на чумата“ например! Или пак некој „полуден“ робот во блиска иднина! Колку да изгледа сега тоа невозможно, при услови на хаос е толку лесно, дури нормално!
Но, да се надеваме дека коронавирусот ќе нè отрезни за да почнеме да размислуваме каков свет сакаме. А опции немаме многу. Тие се меѓу – спасот и исчезнувањето. Оти ако продолжиме нормалното да го правиме невозможно, тогаш брзо пропаста ќе ја направиме неизбежна. За жал во светот повеќе од кога и да е, за големите нешта одлучуваат мали луѓе.
denesmagazin.mk