Неколку високи службеници во романските тајни служби се обвинети за корупција, соопшти романската антикорупциска Национална дирекција за борба со корупцијата (НДБК).
Обвиненија се покренати против управителот на Службата за внатрешна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Рареш Вадува, двајца негови претходници и тројца поранешни високопоставени службеници.
Истражителите од Букурешт ги товарат Вадува и неговите соработници за злоупотреби на работна должност, менување податоци во службени документи и за пренамена на финансии за лични потреби.
Последниве три години НДБК поведе правни дејствија против илјадници државни службеници.