„Визер“ со нови четири дестинации од Охридскиот и Скопскиот аеродром

Сподели

ТАВ Македонија во среда на Аеродромот во Скопје, ќе промовира 4 нови дестинации од македонските аеродроми со авиокомпанијата „Визер“, како и поставувањето петти воздухоплов на нивната база во Скопје.

Нови линии ќе се воспостават до Турку (Финска) и Ларнака (Кипар) од Скопскиот аеродром, како и Меминген и Дортмунд во Германија, од Охридскиот аеродром.

„Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.