Владата донесе пакет мерки: Основните прехранбени производи ќе се продаваат без ДДВ

Сподели

 

Премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција изјави дека Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт.

Пакетот-мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите и се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на 0% и тоа ќе важи за: лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Со оваа мерка спречуваме на наднормален профит,а  ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовиот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи.

Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории.

“Предвидуваме субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана: ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. 

– Предизвиците пред нас се огромни. Во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.