Владата ги назначи членовите на Националниот совет за сајбер безбедност

Сподели

Владата ја усвои Информацијата и донесе решението за назначување на членови на Националниот совет за сајбер безбедност, и ги задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана да назначат членови на Меѓуресорска работна група за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Националниот совет за сајбер безбедност, меѓу другото и за да се забрза усогласувањето на прашањата за сајбер безбедност согласно стандардите на НАТО.