Владата го разреши Филип Петровски од директор на Архив

Сподели

Владата го разреши досегашниот директор на Државниот архив Филип Петровски. На денешната владина седница од функција е разрешен и директорот на Службен весник Лука Кржаловски. На местото на Петровски доаѓа Кирил Петров, додека Кржаловски ќе го замени Мартин Костовски. На десетата седница на новата влада се разговарало и ево-атланските интеграции, за реализацијата на Рамковниот договор, потоа за прашања од индустријата, угостителството, како и за други кадровски решенија.