Владата одлучи ГТЦ да се облече во барок

Сподели

gtc-barokviz01-05

Владата донесе одлука ГТЦ да биде обложен со барокна фасада. Во службен весник веќе е објавена одлуката за продолжување на изградбата на проектот скопје 2014 во чии рамки е измена на ликот на Градскиот трговски центар. Архитектите повторно го крваат гласот да се спаси овој но и уште три објекти кои се белег на Скопје, пренесе Телма.

 

ГТЦ беше објект со решение за културно наследство, но сега тој верификат е укинат. Според поранешниот претседател на асоцијацијата н аархитекти на македонија , арихитект Даница Павловска не само ГТЦ туку и останатите објекти претставуваат урбани белези и значки на градот за кој емотивно се врзани граѓаните на Скопје. Тие само по себе го негуваат урбаниот дух на градот , а единствен спас да се спречи изменувањето на ликот на ГТЦ архитектите го гледаат во Уставниот суд каде може да се преиспита оваа одлука и како што бараше асоцијацијата на арихитекти на Македонија да се стави мораториум на изградбата на овој објект.

Борбата за ГТЦ трае веќе три години. Архитекти , актери познати скопјани организираа протести и трибини со цел спас за ГТЦ. Градскиот трговски центар е изграден 1973 година според проектот н аархитектот Живко Поповски и група негови колеги. Авторот има оставено аманет да не се менува ликот на објектот и градскиот трговски центар да остане градски. Граганите протестираа организираа референдум и симболично го гушнаа трговскиот и порачаа ГТЦ на Скопје да не се облекува во барок.