Одложено e судењето на експретседателот на Кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски, по тужбата за мобинг поднесена против него од Горан Стаменковски од Одделението за човечки ресурси.
Панчевски не се појави во судницата во Основен суд Скопје 2, иако, како што вели адвокатот на тужителот, бил уредно поканет.
– Имаме материјални докази и сведоци со кои ќе потврдиме дека Владимир Панчевски како поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје 1, вршел мобинг врз Горан Стаменковски. И покрај тоа што Панчевски имаше уредна достава да се појави пред судот, тој не дојде што претставува игнорирање на судот како институција и кон нас како колеги – изјави адвокатот на тужителот Стаменковски, Душко Јанковиќ.