Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на депортирани македонски Евреи

Сподели

 

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, во име на Владата на Република Северна Македонија, денеска положија положи цвеќе пред Споменикот на депортирани македонски Евреи, во поранешниот скопски Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи на Градските гробишта Бутел.

 

 

Со овој чин, Владата на Република Северна Македонија се приклучи во активностите по повод 79 годишнината од трагичниот настан на 11 март 1943 година, кога 7 илјади и 144 македонски Евреи беа депортирани и погубени во нацистичките логори на смртта во Полска.

Во пригодните обраќања пред спомен обележјата на Холокаустот, уште еднаш беа испратени пораките дека оваа трагедија ќе остане засекогаш запаметена, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе повикуваат да не се заборави.