Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

Сподели

 

Владина делегација составена од министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Ирена Стефоска и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи положи цвеќе и се поклони пред споменикот на Св. Климент Охридски кај Националната и универзитетска библиотека која го носи неговото име по повод 8 Декември, државниот празник во негова чест.

 

Како основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, спаѓа во редот на македонските великодостојници кој ја продолжи мисијата на светите браќа Кирил и Методиј за продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност меѓу словенските народи.

Свети Климент е основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и се втемели во почетоците на македонска писменост и јазик и во негова чест денес се именувани универзитети, факултети, училишта.