ВМРО-Демократска фракција: Лажни промени и привидно единство не смеат да се дозволат во партијата

Сподели

 

Поради политичките ставови на дневна основа и поради немање единствен став по однос на одржаниот референдиум сегашното раководство на ДПМНЕ го доподели членството.

Со својот глас на референдумот граѓаните, членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ ги освестија лабилните и неконзистенстни партиски раководни кадри. Без разлика на нашите досегашни ригидни ставови, во интерес на партијата и на иднината на државата сметаме дека е дојдено време да си подадеме рака. Сега е време за надградба на домашниот и меѓународен кредибилитет на државата и партијата. Секое тактизирање околу брзата реконструкција и обединување на прогресивните и чесни патриотски сили ќе значи дополнителна агонија и разнебитување на партијата.  Во пресрет на се поизвесните избори следи период на конкретизирање на одговорноста во ВМРО-ДПМНЕ, период на брза кадровска промена и демократска трансформација. Во оваа насока, ДЕМОКРАТСКАТА ФРАКЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите демократски внатрепартиски сили на обединување на принципиелна основа со цел заеднички  и сплотени да ја одредиме иднината на државата.

Демократската фракција го повикува на отворен разговор партиското раководство за новите стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното и руинирано партиско ткиво. Лажни промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа на изборите. Потпирање на политичарие кои имаат ,,сопствен став на дневна основа” поттикнат од надворешни фактори не можат да донесат промени, нова визија и спас на државата, туку само ново залажување и порази. Партијата не може да се рециклира преку стариот поданички материјал и преку неконзистентните и набрзина донесени ставови. Потребна е реална и коренита промена! Нов тимски приод на работа и раководење. Потребна е јасна визија за тоа каде оди Македонија и каква улога треба да има ВМРО-ДПМНЕ во иднина.  Секој обид за игнорирање на овие начелни ставови како и обид за заштита на криминалците во нашите редови ќе биде повторно влегување во ,,чизмите” на поранешниот претседател на партијата.

Исто така ги повикуваме пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не подлегнуваат на уцени, закани и обиди за подмитување. Тие немаат  мандат од македонскиот народ за негово обезличување. Спорот за името и иднината на државата не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на целиот македонскиот народ кој јасно го кажа својот став на одржаниот референдум.

ВМРО ДПМНЕ – ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА