ВМРО ДПМНЕ денеска побара повлекување на Законот за јазици.
Од опозициската партија сметаат дека тој е неуставен и практично неприменлив. Од ова партија велат дека очекуваат разумен одговор од Владата и однесување кое е во согласност со интересите на државата и сите нејзини граѓани. Сметаат дека е потребен е дијалог за сите отворени прашања.
Од Владата одговорија дека Законот е согласно Уставот, дека е изгласан во демократска, парламентарна процедура и е во интерес на сите граѓани. Наведуваат дека ВМРО – ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието и дека истиот повторно ќе се најде во Собраниска процедура, при што повторно ќе имаат можност да интервенира преку амандманска расправа.