ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде вазните од 180.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати на граѓаните

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа, на грбот на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Со пари од граѓаните од скромна жолта куќа израсна во Бела палата, во која има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, вазна од 180 000 евра.

ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде вазните од 180.000 евра, да ги продаде и другите скапоцености па и Белата палата и парите да им ги врати на граѓаните.

Но и во време на криза на виделина излегува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо за граѓаните мислат на себе и своите интереси.

Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.

Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните е едно големо ништо, се вели во соопштението на СДСМ.