ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство.
Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните:
Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски?
Со кого се среќавал и што правел?
Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски?
Дали разговорите со Груевски за „личните моменти“ „неговата иднина“ и „заедничката тема“,како што вели Мицкоски во едно интервју всушност се всушност разговори за бегството на Груевски?
Одбраната на криминалот на Никола Груевски како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, ги засилуваат сомнежите. Дали антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се пворзани со бегство на Груевски?
Преку отворените истраги за бегството на криминалецот Груевски, сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
СДСМ