ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за раст на другите плати во јавниот сектор

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ преку амандман ќе бара останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата. 

-ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во којшто ќе побара и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата усогласен со коефициентот на сложеност на работната сила. ВМРО-ДПМНЕ очекува веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.