ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не знаел за планот за бегство на Груевски и не се согласува со неговото заминување

Сподели

 

По прашањето на СДСМ, што е договарано на средбата помеѓу Мицкоски и Груевски, веднаш со реакција излезе ВМРО-ДПМНЕ:

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија.”

„Зоран Заев и неговата влада за да ја сокријат неспособноста сега се правдаат со лажни соопштенија. Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Префрлањето на вината на други, Заев и Спасовски не и помагаат на Република Македонија и на правниот систем. Двајцата под итно треба и нивниот криминален картел треба да си заминат“, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.