ВМРО-ДПМНЕ: МВР го прикрива случајот со пукањето во Чаир

Сподели

 

МВР и Оливер Спасовски го прикриваат случајот со пукањето во Чаир и вмешаноста на заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

“Наместо гарантирање на безбедноста во главниот град, но и во државата, МВР на чело со Спасовски е извор на криминалот и пресметките со огнено оружје.

Јавноста вчера на социјалните мрежи можеше да ја види снимката од инцидентот од пред неколку дена кои се случи среде Скопје. На видеото јасно се гледа инволвираноста на вториот човек во БЈБ, Ариф Асани. Заменик директорот на БЈБ инсистира и врши притисок врз полициските службеници да биде ослободено лицето кое пукало кон нив, криминалец баран за одлежување на затворска казна. Ова лице со месеци било штитено токму од функционерите на СДСМ и ДУИ, штитено исто и од заменик директорот на БЈБ после пукањето во Чаир. Од видеото може да се забележи дека на местото на настанот има над 50тина, претежно млади луѓе, кои можеле да настрадаат од дивеењето на пајташите на ДУИ и СДСМ.

Арифи наместо да асистира при приведување на сторителот, тој користејќи ја својата положба истото лице го ослободува, а притоа и врши притисок на полициските службеници да го ослободат, а потоа и да ги сменат своите записници во полициска станица.
И покрај видео записот, Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски сеуште молчат и се кријат од македонската јавност. Одговорност за Ариф Асани нема, а случајот се прикрива, се со цел да не се наруши криминалната коалиција СДСМ/ДУИ. Не им е битна безбедноста на граѓаните, не им се битни проблемите на гра ѓаните, најбитни им се фотелјите и личното богатење преку криминалот и криминалните тендери.
За овие постапки одговорност мора да има, колку и да се кријат и молчат од власта. Премногу е, потребни се брзи предвремени парламентарни избори.”