ВМРО-ДПМНЕ: МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого

Сподели

По изјавата на кандидатот за Претседател Стево Пендаровски дека го следат структури поврзани со претходниот режим, ВМРО-ДПМНЕ излезе со свое соопштение:

-“Власта молчи два дена откако Стево Пендаровски излезе и кажа дека е следен од странси служби. Никој од МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого и дали истиот со измислување лаги не создава алиби за претстојниот изборен пораз. Пендаровски знае дека нема поддршка од граѓаните, па затоа мора и да измислува. Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен”, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Спасовски нема контрола над ситуацијата, а жртви поради тоа се сите граѓани.

-Спасовски треба веднаш да излезе и да каже, дали Пендаровски е следен и од кого, во спротивно ќе се потврди дека тој лаже само да го оправда претстојниот пораз. Пендаровски и неговиот ментор, Зоран Заев ќе изгубат на претседателските избори. Граѓаните ќе го поразат СДСМ и ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде и причина за распишување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го испратат СДСМ во историјата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.