ВМРО-ДПМНЕ бара Зоран Заев веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица.
Само во тој случај градоначаникот Зоран Заев ќе има образ да бара било што од градоначалникот Владимир Талески, изјави Зоран Илиоски, член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Така и само така – со оставка и на ниту ниту еден друг начин, граѓаните можеби и ќе им поверуваат дека СДСМ се залагаат за правна држава во која се почитуваат законите и демократските принципи.
Зоран Заев лицемерно ги обвинува другите за криминал, а самиот без око да му трепне го игнорира фактот дека е единствен градоначалник кој бил во притвор во Истражниот затвор во Скопје обвинет за криминал тежок 8 милиони евра.
Чесните социјалдемократи самите го бараат одговорот зошто СДСМ бесрамно дозволува да биде заложник на единствениот аболициран криминалец во Република Македонија Зоран Заев, кој е свесен за својата вина и ја з