ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија

Сподели

„ВМРО-ДПМНЕ како предводник на коалицијата За подобра Македонија вчера до Управниот суд на Република Македонија поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија, година со кое се уважи скандалозниот приговор на подносителот, политичка партија Движење БЕСА и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар изборна единица 6“, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија, велат од таму, директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на коалицијата За подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ. Во рамки на тужбата, правната служба на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија приложи бројни докази и аргументи со кои се потврдува незаконитоста и неоснованоста на одлуката на Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ повикува да не се врши притисок врз Управниот суд од никого и судиите да одлучуваат исклучиво врз основа на закон.

„Секое поинакво постапување би било фалсификување и крадење на јасно изразната волја на граѓаните со пост изборен инженеринг“, велат од партијата на Груевски.