ВМРО-ДПМНЕ: Случајот од 27. април е неоснован, правно неиздржан и монтирана нарачка од Заев

Сподели

 

“Република Македонија доживува крах на сите полиња. Неуспехот на Владата на СДСМ кулминира со недобивањето на датумот за преговори кој Зоран Заев го прославуваше уште лани.

СДСМ и Зоран Заев во очај продолжуваат да ја покриваат неспособноста со политички прогон, селективна правда и демонстрирање на сила кон сите политички противници.

Покренатото обвинение за случајот со собраниските настани од 27. април е целосно неосновано, правно неиздржано и класична монтирана нарачка од Зоран Заев со која треба да се направи дефокус од неуспесите и коруптивните скандали на владата.

Зоран Заев е свесен дека државата тоне и владиниот криминал се покрива преку монтирани политички случаи каде што се гонат членови на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев се свесни за крајот на нивните политички кариери. СДСМ и Заев еден ден ќе одговараат за политичкиот прогон што го прават. – се вели во соопштението на ВМРО -ДПМНЕ.”