ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законот за ЈО

Сподели

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска информираше дека добиле предлог од владиниот тим за законот за обвинителство, и дека, иако забележале отстапување на власта од претходниот предлог, сепак им одоговиориле со свој предлог. Милошоски очекува владиниот тим да го разгледа и до крајот на неделава да имаат средба.

Антонио Милошоски, вели дека нема потреба од формирање на ново обвинителство односно нови правни хибриди и експерименти. Според него предметите на СЈО треба да имаат судска разрешница и додава дека за нив дописот на Јанева со кој што му ги предава случаите на државниот обвинител е правно невалидна. Статусот на вработените од СЈО, е регулиран со Законот за специјалното обвинителството и нема потреби од други законски решенија за нив.

Во однос на изборот, според Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ предлага методологија која што ќе дадела сигурност дека нема власта да го има последниот збор.

„Тоа треба да даде сигурност дека власта нема да избере владино подобен обвинител од типот на Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обнинителство една личност, доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на ЈО, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за ЈО кој ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција“, вели Милошоски.

За оваа позиција, вели Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ смета дека освен од обвинителската фела би можеле да бидат номинирани компетенти лица и од академската сфера кои што имаат соодветно искуство во кривично-правната материја мислиме пред се на професори.

Опозицијата очекува во следните два до три дена власта да одговори на предлогот, а веќе во четврток или петок да  се организира нова средба на преговарачките тимови.