Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата и премиерот Заев залудно ги манипулирале граѓаните, бидејќи во ЕУ и НАТО, како што велат, не се оди со крадење.
Според нив, се распродава името и брише историјата, заедно со традицијата и културата. Оттаму велат дека сдсм ја третира државата како своја лична сопственост со тендерите и грантовите доделени на фирми во сопственост на државни и партиски функционери.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да оди напред со откажување од сѐ што е македонско.