И по една недела од посетата на Заев во Софија ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно упати критики до владата за нетранспарентност околу договорот за добрососедство со Бугарија порачувајќи и дека не смее да склучува договори, како што наведува во соопштение, на штета на македонската држава и народ.
„Заев од Бугарија исто така изјави дека ќе има бришење на одредени термини од учебниците по историја, без притоа да каже кој ќе одлучува што ќе биде бришено“, се вели во партискотото соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека владата не смее да склучува договори на штета на македонската држава и народ.
„ВМРО-ДПМНЕ е за добрососедство со сите соседи и ќе поддржи се што е во знак на унапредување на взаемната соработка, но ништо што е на штета на државата, нејзиниот идентитет, јазик, култура и историја“, се додава во соопштението.