ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, СДСМ во Делчево, а ДПА во Боговиње

Сподели

partii

Политичките партии денеска го продолжуваат деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска својата програма ќе ја претстави пред граѓаните на Гостивар и на Тетово. Средби со граѓаните во овие градови, но и во Кичево ќе има и коалицијата ВМРО за Македонија.

СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија митинзи ќе одржат во Македонска Каменица и во Делчево, додека Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Боговиње.

Коалицијата за промени и правда денеска ќе има средби со граѓаните на Пржино, Црниче и во Кисела Вода, а Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Теарце и во Бутел.