Зоран Заев е единствен човек кој што се коцка не со свои пари, туку со сопствената држава и народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Признанието на Заев дека при потпишувањето на капитулантскиот договор за промена на името , го ставил и народот “ол ин” е потврда дека договорот со Грција е договор за спас на кариерата на Заев, а не за доброто на државата и народот, бидејќи тие за него се само влог. Конечно по долго прикривање од граѓаните, Заев призна и дека свесно ги лаже и манипулира. Тој ги манипулираше граѓаните кога велеше дека нема да се менува Уставот, а сега гледаме дека ќе се менува, па незнаејќи како да ги објасни штетите ги крие амандманите од јавноста, се наведува во соопштението од партијата.
ОД ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Заев ги манипулирал граѓаните и кога кажал дека името ќе биде само за надворешна употреба, за само по две недели откако ја дал таа изјава да застане зад име за севкупна употреба.
-Заев ветуваше многу , а не реализира ништо. Се што вети се покажа дека е манипулација. Зоран Заев по се што и направи на државата, надворешниот срам, проследен со рушење на сите меѓународни позиции градени со децении и понижувањето со договорите кои ги склучи, но и со економскиот дебакл кој и го приреди на државата , покажа дека нема капацитет да ја води државата. Манипулаторот Зоран Заев мора да си замине пред штетите за државата да бидат преголеми, се вели во партиското соопштение.